Нетанјаху: Косово ќе отвори своја амбасада во Израел

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху информира дека Косово ќе ги нормализира своите односи со неговата земја и својата амбасада ќе ја отвори во Ерусалим (Кудс)

1485173
Нетанјаху: Косово ќе отвори своја амбасада во Израел

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху истакна дека Косово кое донело одлука за нормализирање на односите со неговата земја својата амбасада во Израел ќе ја отвори во Ерусалим (Кудс).

Во објавеното писмено соопштение од канцеларијата за печат на израелската Влада се истакнува дека американскиот претседател Доналд Трамп за време на средбата со косовскиот премиер Авдулах Хоти во Белата куќа го побарал израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и им честитал на двајцата премиери за нормализацијата на односите помеѓу Израел и Косово.

Во соопштението се вели дека косовскиот премиер Авдулах Хоти рекол дека Косово својата амбасада во Израел ќе ја отвори во Ерусалим (Кудс), а воедно им се одделува место на следните зборови на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху:

"Косово ќе стане првата земја во која мнозинството од населението е муслиманско која ќе отвори своја амбасада во Ерусалим (Кудс). Како што реков и претходно се проширува кругот на мирот и признавањето на Израел, се очекува да се приклучат и други земји."

Инаку, американскиот претседател Доналд Трамп претходно соопшти дека Косово ќе ги нормализира своите односи со Израел.



Слични вести