Брнабич: Не очекуваме ултиматуми на разговорите во Вашингтон

Српската премиерка Ана Брнабиќ во дадената изјава за српските медиуми истакна дека на разговорите со Косово во Вашингтон не очекуваат било какви ултиматуми од Соединетите Американски Држави (САД)

1484364
Брнабич: Не очекуваме ултиматуми на разговорите во Вашингтон

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ, истакна дека не очекува на разговорите коишто ќе се одржат помеѓу Србија и Косово Белград, а чиј домаќин ќе биде Вашингтон не очекуваат било какви ултиматуми од Соединетите Американски Држави (САД). 

Делегацијата на Белград, предводена од претседателот на Србија Александар Вучиќ до 5 септември ќе престојува во посета на Вашингтон каде што ќе бидат организирани разговори со Приштина.

Брнабиќ во дадената изјава за српските медиуми појасни дека очекуваат средбата во Белата куќа да биде тешка.

Таа рече: „Овде дојдовме екипа за да разговараме за економски проекти. Овие проекти ќе ги поврзат подобро Белград и Приштина и ќе ги нормализираат односите.“

Појаснувајќи дека на разговорите ќе се најдат економски прашања како што се повторното започнување на авионските летови помеѓу Белград и Приштина и изградбата на автопат, српската премиерка Ана Брнабиќ се заблагодари за идејата на Соединетите Американски Држави (САД) за формирање на „Мини Шенген“. 

Брнабиќ истакна дека без стабилен и мирен Балкан и Србија не може да биде просперитетна земја и Србија и напомена дека секој во регионот треба да разбере дека тоа се однесува и на другите балкански земји.

Министерот за надворешни работи на Србија Иван Дациќ, застана во одбрана на тоа дека на средбата во Вашингтон ќе се изврши голем притисок врз претседателот Александар Вучиќ и Србија и дека ниту еден ултиматум нема да претставува пат којшто води кон решение.

Инаку, денеска и утре делегациите на Србија и Косово ќе се состанат во Вашингтон, во Соединетите Американски Држави (САД).

На состанокот освен српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти, ќе учествуваат и специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп одговотен за преговорите помеѓу Косово и Србија Ричард Гренел и советникот за национална безбедност на САД Роберт О'Брајан. 

На состанокот, дали ќе учествува американскиот претседател Доналд Трамп пак, не е познато.



Слични вести