Грција планира да одвои 10 милијарди евра за вооружените сили

Сеуште не е постигнат договор за откуп на француските авиони Рафал

1483388
Грција планира да одвои 10 милијарди евра за вооружените сили

 

Владата на Грција планира да одвои 10 милијарди евра за зајакнување на вооружените сили на земјата.

Претставници на фрчката влада кои сакаа да останат анонимни во изјавата за грчките медиуми изтакнаа дека продолжуваат средбите со Франција и другите земји за откуп на оружје и дека преговорите за прашањето ќе се одржат на 10 септември на островот Корзика. Прашањето се очекува да се заврши до состанокот на медитеранските земји членки на ЕУ.

Претседателот Јоргос Герапетритис во интервјуто за еден ТВ-канал рече:

„Во рамките за зајакнување на вооружените сили и воената индустрија, Владата одржува средби со низа земји.

Сеуште не е постигнат договор за откуп на француските авиони Рафал. Продолжуваат средбите на тоа поле. Целта на овие напори е да се модернизираат вооружените сили на Грција.

Грција е на страната на добросоедските односи и каналоте за комуникација со Турција треба да бидат отворени“ рече претседателот Герапетритис.

Претходно грчките медиуми истакнаа дека официјална Атина со Парис одржува средби за откуп на борбените авиони Рафал и фрегатите белхара.

Грчкиот министер за финансии Христос Стаикурас во изјавата за печатот во врска со трошоците за одбраната рече дека се спремни да потрошат повеќе пари за воружените сили.



Слични вести