Жозеп Борел: Ќе продолжиме да го поддржуваме процесот на приклучување на Црна Гора кон ЕУ

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и социјална политика Жозеп Борел Борел истакна дека ќе продолжи да се поддржува процесот на приклучување на Црна Гора кон Европската унија (ЕУ)

1482902
Жозеп Борел: Ќе продолжиме да го поддржуваме процесот на приклучување на Црна Гора кон ЕУ

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и социјална политика Жозеп Борел во објавеното писмено соопштение во врска со одржаните избори во Црна Гора на крајот на неделата истакна дека од страна на меѓународните набљудувачи е согледано дека изборите поминаа со широко учество и мирно.

Борел истакна дека ќе продолжи да се поддржува процесот на приклучување на Црна Гора кон Европската унија (ЕУ).

Велејќи дека се очекува да почне со работа новото Собрание и да се формира новата влада кои ќе продолжат да напредуваат во правец на членство во Европската унија (ЕУ), како и дека треба што побрзо се реализираат политичките и економските реформи во земјата, Жозеп Борел го рече следното:„Европската унија (ЕУ) ќе продолжи да го поддржува процесот за членство на Црна Гора и економското опоравување по кризата со новиот тип коронавирус(Ковид-19).“

Во Црна Гора на 30 август во недела се одржаа парламентарни избори на кои и покрај тоа што владејачката прозападна коалиција „Одлучно за Црна Гора“ предводена од Демократската партија на социјалистите (ДПС) го освои мнозинството од гласовите на бирачите го изгуби мнозинството во Собранието.

Коалицијата на власта освои 35,06 отсто од гласовите, коалицијата „За иднината на Црна Гора“ предводена од опозицискиот Демократски фронт (ДФ) позната по својот став против НАТО, освои 32,55 отсто, а една друга опозициска коалиција „Нашатс6нсвија е мир“ освои 12,53 отсто од гласовите црногорските бирачи. 

Според овие добиени резултати, бројот на пратеничките мандати на трите Сојузи од опозицијата изнесува 41, додека Демократската партија на социјалистите и нејзините партнери во изминатите периоди го изгубија мнозинството во Собранието на Црна Гора.



Слични вести