Критики од Балканските земји до Европската унија (ЕУ) за вршење неправда

Од страна на лидерите на балканските земји беа упатени критики до Европската унија (ЕУ) за тоа дека не се однесува праведно кон земјите во регионот

1482524
Критики од Балканските земји до Европската унија (ЕУ) за вршење неправда

Во Блед во Словенијаво рамките на 15. Бледски старешки форум на кој традиционално се состануваат лидерите од регионот, но и од светот, се одржа лидерскиот панел на тема „Европа по Брегзит (излезот на Велика Британија од Европската унија) и (новиот тип коронавирус) Ковид-19.“

На панелот, кој го привлече најголемото внимание на јавноста, меѓу останатите учествуваа и претседателот на Србија Александар Вучиќ, премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ, словенечкиот премиер Јанез Јанша, унгарскиот премиер Виктор Орбан, потоа бугарскиот премиер Бојко Борисов, полскиот премиер Матеуш Моравиецки и чешкиот премиер  Андреј Бабиш.

Притоа особено од страна на лидерите на балканските земји беа упатени критики до Европската унија (ЕУ) за тоа дека не се однесува праведно кон земјите во регионот.

Српскиот претседател Александар Вучиќ упати критики на сметка на двојните стандарди коишто ги применува Западна Европа во однос на некои прашања.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ истакна дека помеѓу мерките коишто ги преземаат земјите самите и мерките на Европската унија (ЕУ) и општо во светот треба да се воспостави соодветна урамнотеженост. 

Унгарскиот премиер Виктор Орбан напомена дека демократијата во Унгарија е иста со онаа во Германија и Италија, но дека не се потпира на либерален модел, туку на основа на христијанството.

Орбан наведе дека Европа денеска веќе не е значаен геополитички фактор, а бидејќи како што рече се наоѓа на „погрешна страна“ во технолошкиот развој.

Премиерот на Словенија домаќинот на Форумот Јанез Јанша, исто така ја обвини европската политика за дволичност, а поради тоа што остана нема и не прозборе ништо во врска со нерегуларностите на одржаните избори во неговата земја во 2014 година.

 



Слични вести