Во Северна Македонија регистрирани 11 нови случаи на Ковид-19, починаа 3 лица

Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани 11 нови случаи на зараза, а починаа 3 лица од коронавирусот (Ковид-19)

1482313
Во Северна Македонија регистрирани 11 нови случаи на Ковид-19, починаа 3 лица

Во Северна Македонија во изминатите 24 часа регистрирани се 11 нови случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи со овој вирус во земјата се искачи на 14.341.

Министерството за здравство информира дека починале уште 3 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи како последица на Ковид-19 во земјата се искачи на 603.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 95 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на излекувани од вирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 11.157.

Во моментот активни се 2.581случаи со Ковид-19.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 450 тестирања за вирусот. Досега во земјата се реализирани вкупно 148.269 тестирања за Ковид-19. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести