Вчера во Црна Гора се одржаа парламентарни избори

Според првите неофицијални резултати, прозападната коалициона власт „Решително за Црна Гора“ предводена од Демократската партија на социјалистите (ДПС) освои 38,4 отсто од гласовите и 29 пратенички места

1481935
Вчера во Црна Гора се одржаа парламентарни избори

По вчерашните парламентарни избори во Црна Гора и неофицијалните резултати, опозицијата прогласи победа, додека партијата на власт соопшти дека ќе ги чекаат официјалните резултати и дека истите ќе ги почитуваат.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Центарот за следење и истражување на изборите во Црна Гора (CeMI) беше истакнато дека земајќи ги во предвид 89 отсто од гласовите, прозападната коалициона власт „Решително за Црна Гора“ предводена од Демократската партија на социјалистите (ДПС) освои 38,4 отсто од гласовите и 29 пратенички места. Додека пруруската опозициона коалиција „За иднината на Црна Гора“ која е позната по ставот против НАТО предводена од „Демократскиот фронт“, освои 32,7 отсто од гласовите и 28 пратенички места. Еден друг опозиционерски блок „Мирот е нашата нација“ освои 12,5 отсто од гласовите и 10 пратенички места. Коалицијата „Црно на бело“ освои 5,7 отсто од гласовите и 4 пратенички места.

Социјалдемократите (СД) освоија 4,2 отсто од гласовите и 3 пратенички места. Бошначката партија (БС) освои 4,1 отсто од гласовите и 3 пратенички места, Социјалдемократската партија (СДП) 3,1 отсто и 2 пратенички места, додека албанската коалиција по едно пратеничко место.

Лидерот на коалицијата „За иднината на Црна Гора“ Здравко Кривокапиќ во поздравниот победнички говор по изборите рече дека Демократската партија на социјалистите (ДПС) на претседателот Мило Ѓукановиќ кој 30 години се наоѓа на власт изгуби на изборите потенцирајќи дека „режимот падна“.

Претседателот на Демократската партија на социјалистите (ДПС) и претсдетал на државата Мило Ѓукановиќ рече дека и натаму продолжува одбројуваето на гласовите и дека ќе ги чекаат официјалните резултати кон кои ќе имаат почитување.



Слични вести