Избори во Црна Гора под сенката на епидемијата на Ковид-19

На изборите на кои имаат право на глас 540.026 граѓани за новиот состав на Парламентот составен од 81 пратеничко место се натпреваруваат 11 изборни листи од кои 6 коалиции и 5 политички партии

1481476
Избори во Црна Гора под сенката на епидемијата на Ковид-19

Повеќе од половина милион гласачи на Црна Гора денеска гласаат на парламентарните избори и на локалните избори во Будва, Котор, Тиват, Андријевица и Гусиње.

На парламентарните избори коишто се одржуваат по единаесетти пат од воведувањето на повеќепартискиот систем и петти пат по осамостувањето на Црна Гора, за избор на новите пратеници на Парламентот составен од 81 пратеничко место се натпреваруваат 11 изборни листи од кои 6 коалиции и 5 политички партии. 

Чинот на гласање започна утрово во 07:00 часот, а ќе трае до 20:00 часот.

На изборите гласаат вкупно 540.026 гласачи со право на глас во избирачкиот список на Црна Гора кои ќе гласаат во 1.217 гласачки места на територијата на земјата.

Државната изборна комисија на Црна Гора првите нецелосни и неофицијални резултати се очекува да почне да ги објавува кон полноќ.

На изборите коишто се одржуваат во рамките на преземените превентивни мерки против епидемијата на новиот тип кооронавирус (Ковид-19), на пациентите позитивни на Ковид-19 кои се наоѓаат во карантин (самоизолација) им е дозволени да излезат од своите домови и да одат да гласаат во своите гласачки места, додека на болните кои се наоѓаат на лекување во болница, односно оние кои се хоспитализирани, е одлучено да гласаат со писмо.

Парламентарните избори во Црна Гора ги набљудуваат 2.089 посматрачи од кои 265 странски.

 



Слични вести