АФП: Грчки војници се истоварија на островот Меис на само 2 километри од Турција

Грција уште од 1960-тите години ја прекршува забраната за наоружување на Егејските острови, што пак е во спротивност со договорите од Лозана (1923 година) и од Париз (1947 година) кои се уште се во примена

1481680
АФП: Грчки војници се истоварија на островот Меис на само 2 километри од Турција

Француската новинска агенција „АФП“ објави фотографии како војници во камуфлажа и вооружени на 28 август се качуваат и слегуваат од еден брод по име „Blue Star“ на којшто се наоѓаат и туристи.

Во белешките во врска со фотографиите се нагласува и тоа дека островот Меис (грчки Кастелоризо) се наоѓа на оддалеченост од само 2 километри од Турција.

Инаку, Грција уште од 1960-тите години ја прекршува забраната за наоружување на Егејските острови.

Властите во Атина кои во спротивност на договорите вооружува 16 од 23 острови кои немаат воен статус, располагаат со десетици илјади вооружени војници на островите како што се Лимни (грчки Лимнос), Мидилли (грчки Лесбос или Митилини), Родос, Сакиз (грчки Хиос), Сисам (грчки Самос) и Истанќој (грчки Кос). 

Разоружувањето на овие острови е под гаранција на договорите од Лозана (1923 година) и од Париз (1947 година) кои се уште се во примена.

 

 



Слични вести