Грчкиот Парламент го ратификува договорот за ексклузивна економска зона со Египет

Договорот за разграничување на сферите на надлежност во морето којшто властите во Атина го потпишаа со Египет беше усвоен со 178 гласа „за“ , 26 гласа „против“ и 81 воздржан глас

1480401
Грчкиот Парламент го ратификува договорот за ексклузивна економска зона со Египет

Грчкиот Парламент го ратификува договорот за ексклузивна економска зона потпишан со Египет за Источниот Медитеран.

Договорот за разграничување на сферите на надлежност во морето којшто властите во Атина го потпишаа со Египет беше усвоен со 178 гласа „за“ , 26 гласа „против“ и 81 воздржан глас.

На одржаното оворено гласање во Парламентот, за договорот гласаа владејачката Партија на премиерот Киријакос Мицотакис Нова демократија и Партијата Движење за промена, против беа Грчката комунистичка партија, Партијата Грчко решение и Партијата Мера25, додека главната опозициона партија Сириза за постигнатиот договор со Египет беше воздржана. 

Инаку, властите во Атина на 9 јуни најпрвин потпишаа договор за ексклузивна економска зона со Италија за Јонското Море, а на 6 август ист договор постигнаа и со Египет за Источниот Медитеран.

Турското Министерство за надворешни работи покажа реакција во врска со постигнатиот договор за ексклузивна економска зона помеѓу Грција и Египет.

Во објавеното соопштение од Министерството беше истакнато следното: „Таканаречениот договор за разграничување на сферите на надлежност во морето за којшто е соопштено дека е потпишан, е неважечки за Турција. Ова наше разбирање ќе биде презентирано на теренот и на масата.“

Грчкиот Парламент завчера го ратификуваше и договорот за ексклузивна економска зона потпишан со Италија за Јонското Море, со кој се определуваат поморските граници помеѓу Грција и Италија.

 



Слични вести