Заев ги достави до Собранието предлог составот и програмата на новата Влада на Северна Македонија

По доставувањето на предлог-програмата за работа и предлогот за состав на новата Влада до Собранието, мандаторот Зоран Заев, во присуство на 19 министри, одржа прес-конференција

1480130
Заев ги достави до Собранието предлог составот и програмата на новата Влада на Северна Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) и мандатар за состав на новата Влада, Зоран Заев, денеска до Собранието на Република Северна Македонија ја достави предлог-програмата за работа и предлог за состав на новата Влада.

По доставувањето на предлог-програмата за работа и предлогот за состав на новата Влада до Собранието, мандаторот Зоран Заев, во присуство на 19 министри, одржа прес-конференција.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, истакна дека новата Влада ќе се фокусира на решавање на проблемите во правосудството, образованието, економијата, екологијата, а фокусот ќе биде и кризата со коронавирусот.

„Денеска како мандатор до Собранието доставувам предлог за Влада која е подготвена да работи со полн четиригодишен мандат. Со мене, денеска се 19 министри и министерки. Сите заедно се обврзуваме дека ќе влечеме напред, секој ден, секој час, дека ќе работиме уште повеќе, уште подобро“, нагласи мандатарот Заев.

Мандаторот Заев исто така истакна дека граѓаните ќе добијат стабилна, ефикасна и одговорна влада, која ќе гарантира континуитет во спроведувањето на заедничките стратешки приоритети, членството во НАТО и Европската Унија (ЕУ).

Истакнувајќи дека програмата на Владата во целост ја отсликува посветеноста на сите политички партии кои се дел од коалицијата за бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, Заев рече дека во програмата стои темелно прочистување на правосудството и проверка на потеклото на имотот и парите на сите функционери.

Тој исто така додаде дека сите коалициони партнери се согласни посветено да се продолжи на реализацијата на договорите со Република Грција, Република Бугарија и Охридскиот рамковен договор, кој е темелот на заедничкото живеење во мир.

Мандаторот Заев исто така додаде дека новата Влада ќе се посвети на сериозни инвестиции во јавното здравство за да има уште повеќе капацитети и мотивиран кадар кој ќе се бори против коронавирусот.

Тој очекува до идната недела Собранието да ја гласа новата Влада.

Потсетуваме, по предремените парламентарни изборите одржани на 15 јули, почнаа преговорите помеѓу политичките партии за состав на новата Влада. Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски на 13 август му додели мандатот за состав на новата влада на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој ја предводи коалицијата „Можеме" која освои најголем број гласови на изборите.

На 18 август, СДСМ и ДУИ соопштија дека постигнале договор за создавање парламентарно мнозинство во кое освен освие две партии ќе учествува и ДПА.

На предвемените парламентарни избори, според конечните официјални резултати кои ги објави Државната изборна комисија (ДИК), најмногу пратенички мандати освои коалицијата „Можеме“, предводена од владејачкиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) односно 46, потоа ВМРО-ДПМНЕ 44, Демократската унија за интеграција (ДУИ) освои 15 мандати, коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива освоија 12 мандати, Левица два мандат, а Демократската партија на Албанците освои еден мандат. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести