Во Северна Македонија регистрирани 89 нови случаи на Ковид-19, починаа 7 лица

Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани 89 нови случаи на зараза, а починаа 7 лица од коронавирусот (Ковид-19)

1480356
Во Северна Македонија регистрирани 89 нови случаи на Ковид-19, починаа 7 лица

Во Северна Македонија во изминатите 24 часа се регистрирани 89 нови случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи со овој вирус во земјата се искачи на 14.004.

Министерството за здравство информира дека починале уште 7 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи како последица на Ковид-19 во земјата се искачи на 585.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 215 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на излекувани од вирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 10.722.

Во моментот активни се 2.697 случаи со Ковид-19.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.529 тестирања за вирусот. Досега во земјата се реализирани вкупно 143.687 тестирања за Ковид-19. (Агенција Анадолија -АА)



Слични вести