Грчкиот Парламент го ратификува договорот за ексклузивна економска зона со Италија за Јонското Море

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас истакна дека по Јонското Море е поставено на разгледување прашањето за проширување на проширување на територијалните води од 6 наутички милји на 12 наутички милји и во јужниот дел на островот Крит

1479763
Грчкиот Парламент го ратификува договорот за ексклузивна економска зона со Италија за Јонското Море

Грчкиот Парламент го ратификува договорот за ексклузивна економска зона потпишан со Италија за Јонското Море, со кој се определуваат поморските граници помеѓу Грција и Италија.

На одржаното гласање во Парламентот, за договорот гласаа владејачката Партија на премиерот Киријакос Мицотакис Нова демократија, главната опозициска партија Сириза и Партијата Движење за промена, а беа против Грчката комунистичка партија, Партијата Грчко решение и Партијата Мера25.

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас во говорот што го одржа пред Парламентот истакна дека по Јонското Море е поставено на разгледување прашањето за проширување на територијалните води од 6 наутички милји на 12 наутички милји и во јужниот дел на островот Крит.

Инаку, властите во Атина на 9 јуни потпишаа договор за ексклузивна економска зона со Италија за Јонското Море, а на 6 август ист договор постигнаа и со Египет за Источниот Медитеран.

Турското Министерство за надворешни работи во врска со постигнатиот договор за ексклузивна економска зона помеѓу Грција и Египет претходно објави соопштение во кое беше истакнато следното: „Таканаречениот договор за разграничување на сферите на надлежност во морето за којшто е соопштено дека е потпишан, е неважечки за Турција. Ова наше разбирање ќе биде презентирано на теренот и на масата.“



Слични вести