Во Северна Македонија регистрирани 119 нови случаи на Ковид-19, починаа 5 лица
Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани 119 нови случаи на зараза, а починаа 5 лица од коронавирусот (Ковид-19)

Во Северна Македонија во изминатите 24 часа се регистрирани 119 нови случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи со овој вирус во земјата се искачи на 13.914.
Министерството за здравство информира дека починале уште 5 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи како последица на Ковид-19 во земјата се искачи на 578.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 297 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на излекувани од вирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 10.507.
Во моментот активни се 2.829 случаи со Ковид-19.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.065 тестирања за вирусот. Досега во земјата се реализирани вкупно 142.158 тестирања за Ковид-19. (Агенција Анадолија-АА)