Реакција од Ерсин Татар против заедничката воена вежба на Кипарско-грчката управа, Грција, Франција и Италија

Премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар покажа реакција против воената вежба којашто ќе ја реализираат заеднички Кипарско-грчката управа, Грција, Франција и Италија во Источниот Медитеран во близина на островот Кипар

1479518
Реакција од Ерсин Татар против заедничката воена вежба на Кипарско-грчката управа, Грција, Франција и Италија

Премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар истакна дека воената вежба којашто ќе ја реализираат заеднички Кипарско-грчката управа, Грција, Франција и Италија во Источниот Медитеран во близина на Кипар е во спротивност со меѓународното право.

Велејќи дека Турција во Средоземното Море има крајбрежје во должина од 1.800 километри, Татар истакна дека и Турската Република Северен Кипар (ТРСК) располага со крајбрежје поради што никој не може да го изостави од вид тоа додека делува во овој регион.

Ерсин Татар напомена дека според меѓународното право на Кипар постојат кипарските Грци и Турци како еднакви партнери и дека кипарско-грчкиот дел не може да се приклучи кон ниту еден договор и партнерство коешто нема да го одобрат кипарските Турци. 

Татар рече: „Оваа воена вежба којашто се реализира е погрешна и е во спротивност со меѓународното право. Кипар има 3 гарантори и тоа Турција, Велика Британија и Грција. Другите земји немаат право да постигнат договор со Кипарско-грчкиот дел. Освен овие наведени гарантори овде не можат да дојдат ниту Франција, ниту некој друг. Што значи оваа воена вежба? Што сакаат да докажат? Божем во случај на војна со Турција ќе тестираат како би можеле да ја победат Турција?“

Нагласувајќи дека војната во регионот не е во полза на никого, Ерсин Татар подвлече дека секогаш се на страната на мирот и дека посакуваат стабилност во регионот. 

Премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар воедно напомена дека Источниот Медитеран постепено се претвара во позначаен регион и дека заедно со Турција ја продолжуваат борбата во овој регион. 



Слични вести