Во Северна Македонија регистрирани 137 нови случаи на Ковид-19, почина едно лице

Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани 108 нови случаи на зараза, а починаа 2 лица од коронавирусот (Ковид-19)

1477750
Во Северна Македонија регистрирани 137 нови случаи на Ковид-19, почина едно лице

Во Северна Македонија во изминатите 24 часа се регистрирани 137 нови случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи со овој вирус во земјата се искачи на 13.595.

Министерството за здравство информира дека починало уште едно лице, со што вкупната бројка на смртни случаи како последица на Ковид-19 во земјата се искачи на 564.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 58 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на излекувани од вирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 10.110.

Во моментот активни се 2.921 случаи со Ковид-19.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.414 тестирања за вирусот. Досега во земјата се реализирани вкупно 137.465 тестирања за Ковид-19. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести