Пораката на премиерот на ТРСК во врска со Мараш

Мараш е територија на ТРСК. Со отворањето на овие простори за туризмот, ТРСК уште повеќе ќе зајакне

1476889
Пораката на премиерот на ТРСК во врска со Мараш

Турската Република Северен Кипар (ТРСК) се подготвува да го отвори Мараш коj 46 години е затворен.

Премиерот на ТРСК, Ерсин Татар во интервјуто за информативниот канал ТРТ Хабер рече:

„Мараш обавезно ќе се отвори.

Затворениот Мараш обавезно ќе се отвори. Се расипа досегашната пракса, се отвора нова страница. На овие простори од 1974 година валдее мир. Нашата безбедност ја обезбедуваат Турските вооружени сили (ТВС) и Република Турција.

Мараш никој не може да ни го земе од раце. Успешно продолжуваме по зацртаниот пат“ рече Татар.

„Мараш е територија на ТРСК. Со отворањето на овие простори за туризмот, ТРСК уште повеќе ќе зајакне.

Мараш во периодот од 1963 до 1974 година, располагаше со капацитет од 12 илјади легла и првите хотели со 7 ѕвездички.  Песочната плажа долга 3,5 км со залатна боја се наоѓаше меѓу првите приоритети на светско познатите ѕвезди.

Сега Мараш е претворен во напуштен град на духови, додека во минатото улиците на градот беа домаќини на најпознатите марки и трендови.

Во продавниците на градот се продаваа најскапоцените автомобили, најскапите накити, поради што сеуште можат да се забележат трагите на раскошото во градот.

Во затворениот дел на Мараш се наоѓаат 8 400 згради кои се состојат од станбени објекти и деловни простори. Во подрачјето имаше 21 банкарска филијала, 99 места за забава и рекреација. Сите овие места се простиаа на површина од 5.5 квадратни километри. Сега Мараш го очекува денот кога ќе се врати кон старата слава.



Слични вести