Советникот за национална безбедност на Мицотакис, Диакопулос поднесе оставка

Советникот за национална безбедност на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, Александрос Диакопулос, по дадената изјава во врска со турскиот брод за сеизмички истражувања „Оруч Реис“ поднесе оставка

1475944
Советникот за национална безбедност на Мицотакис, Диакопулос поднесе оставка

Советникот за национална безбедност на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, Александрос Диакопулос, по неговите изјави околу тоа дека турскиот брод за сеизмички истражувања „Оруч Реис“ реализира истражувања во грчкиот континентален гребен и ја одбележува областа, поднесе оставка.

Диакопулос својата оставка ја соопшти со писмено соопштение.

Укажувајќи на вознемиреноста до којашто довеле кај Владата неговите зборови во врска со бродот „Оруч Реис“ кој реализира активности во Источниот Медитеран, Диакопулос во своето писмено соопштение го истакна следното: „И покрај тоа што немав таква намера мојата изјава доведе до забуна, им создаде проблем на премиерот и на Владата. Ја преземам одговорноста и поднесувам оставка.“

Грчката државна новинска агенција „АНА“ соопшти дека оставката на Александрос Диакопулос била прифатена од страна на премиер Киријакос Мицотакис.

Инаку, советникот за национална безбедност на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, Александрос Диакопулос, во едно свое интервју коешто беше објавено во печатот рече дека „Оруч Реис“ ги продолжува своите истражувања во грчкиот континентален гребен и ја одбележува областа.

Откако оваа негова изјава доведе до вознемиреност кај Владата, Диакопулос даде уште една изјава во која застана во одбрана на тоа дека неговите претходни зборови се погрешно разбрани и дека „Оруч Реис“ пробал да реализира истражување, но дека ги прекинал своите активности.

Ете овие први изјави на Диакопулос доведоа до сериозна вознемиреност кај грчката Влада која наведување дека „на Оруч Реис не му се признало можност да врши истражување“, на што пак и грчките опозициски партии покажаа остра реакција против Владата на премиерот Киријакос Мицотакис обвинувајќи ја за погрешно информирање на јавноста.



Слични вести