Во Северна Македонија регистрирани 108 нови случаи на Ковид-19, починаа 2 лица

Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани 108 нови случаи на зараза, а починаа 2 лица од коронавирусот (Ковид-19)

1475825
Во Северна Македонија регистрирани 108 нови случаи на Ковид-19, починаа 2 лица

Во Република Северна Македонија во последните 24 часа регистрирани се 108 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи со овој вирус во земјата се искачи на 13.076.

Министерството за здравство соопшти дека како последица на вирусот починати се две лица. Со тоа, вкупната бројка на смртни случаи од Ковид-19 во Северна Македонија се искачи на 551.

Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 112 оздравени пациенти од Ковид-19, со што вкупната бројка на оздравени од овој вирус од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 9.625.

Во моментот бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 2.900.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.902 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата реализирани се вкупно 130.840 тестирања. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести