Грчките војници реализираа воена вежба во турско село во Западна Тракија

Грчките војници реализираа воена вежба во турското село Ѓокчепинар во општина Мустафчова кај градот Ксанти (турски Искече) во Западна Тракија

1473173
Грчките војници реализираа воена вежба во турско село во Западна Тракија

Грчките војници кои реализираа воена вежба во селото Ѓокчепинар во општина Мустафчова во близина на градот Ксанти (турски Искече), а кадешто живее претежно турско малцинство, доведе до загриженост кај населението во селото.

Претседателот на општина Мустафчова Ридван Делихусејин истакна дека војниците од составот на четвртиот корпус со седиште во Ксанти (Искече) завчера реализирале обука и воена вежба со огнено оружје внатре во селото Ѓокчепинар и во околината на селските гробишта.

Привлекувајќи внимание дека општината и селаните не биле известени за воената вежба, Делихусејин рече дека селаните биле зачудени откако рано наутро ги виделе пред себе вооружените војници.

Делихусејин истакна дека досега не бил доживеан еден ваков настан и го рече следното: "Луѓето кои не беа известени и не знаеја ништо откако ги видоа пред себе вооружените војници, природно ги обзеде страв и загриженост."

Имамот на селото Ѓокчепинар Еркан Азизоглу исто така во споделената објава на социјалната медија покажа реакција против настанот.

Азизоглу истакна дека реализираната воена вежба од страна на грчките воени единици внатре во селото Ѓокчепинар во време кога се доживуваат тензични моменти во Источниот Медитеран, длабоко го растажи и загрижи населението на селото. 

Имамот на селото Ѓокчепинар Еркан Азизоглу во својата објава го напиша и следното: "Користењето на нашето село од страна на војската за да се испрати порака до некого, влегувањето во нашето село со воена вежба којашто не застраши и поради која беа загрижени нашите браќа селани и поготово нашите деца, е настан којшто е неприфатлив. Го осудуваме и го сметаме за глупаво."

Во објавеното соопштение од Европската федерација на Турците од Западна Тракија (ABTTF) пак,  се истакнува дека настанот во селото Ѓокчепинар претставува скандал со којшто се згазени човековите и малцинските права.



Слични вести