Во Северна Македонија регистрирани 141 нов случај на Ковид-19, починаа 2 лица

Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани 141 нов случај на зараза, а починаа 2 лица од коронавирусот (Ковид-19)

1472527
Во Северна Македонија регистрирани 141 нов случај на Ковид-19, починаа 2 лица

Во Северна Македонија во изминатите 24 часа се регистрирани 141 нов случај на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи со овој вирус во земјата се искачи на 12.357.

Министерството за здравство информира дека починаа уште 2 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи како последица на Ковид-19 во земјата се искачи на 532.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 175 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на излекувани од вирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 8.662.

Во моментот активни се 3.163 случаи со Ковид-19.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.848 тестирања за вирусот. Досега во земјата се реализирани вкупно 120.950 тестирања за Ковид-19. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести