Ерсин Татар: Нема да дозволиме да бидат одземени нашите права во Источниот Медитеран

Премиерот на Турската Република Северен Кипар Ерсин Татар рече дека борбата на Турција во Сината татковина во последните години доби многу поголемо значење и дека затоа по ова прашање Турската Република Северен Кипар секогаш делува заедно со Турција

1472326
Ерсин Татар: Нема да дозволиме да бидат одземени нашите права во Источниот Медитеран

Премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар истакна дека не да да се дозволи да бидат одземени нивните права во Источниот Медитеран.

Татар рече дека  борбата на Турција во Сината татковина во последните години доби многу поголемо значење и напомена дека затоа по ова прашање Турската Република Северен Кипар (ТРСК) секогаш делува заедно со Турција.

Нагласувајќи дека договорот што го постигна Турција со Либија беше вон вообичаеното, Ерсин Татар наведе дека заедно со формираниот коридор е дојдено во точка да се располага со поголем потенцијал, права и интереси во Источниот Медитеран. 

Тој истакна дека Турција со тоа што за постигнатите договори со Турската Република Северен Кипар и Либија во Источниот Медитеран ги извести Обединетите нации (ОН) својата позиција ја постави на цврста основа на основа на меѓународното право.

Велејќи дека никој не треба да ги прифати дипломатските злоупотреби на кипарско-грчката двојка, Татар исто така додаде дека и Европската унија (ЕУ) не треба да западне во нивните игри и треба да ги продолжи сите дискусии и разговори со Турција во рамките на правдата и трајниот мир.

„Ние и Турција го бараме нашето право во Источниот Медитеран и нема да дозволиме да се одземе ова наше право. Нашата филозофија е 100 посто делување заедно со Турција во одбраната на нашите права во Источниот Медитеран.“ - порача Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар.



Слични вести