Франција испрати воени авиони во Јужниот кипарско-грчки дел

Во рамките на договорот за одбранбена соработка помеѓу кипарско-грчкиот дел и Франција два воени авиони и еден транспортен авион во сопственост на француските Воздухопловни сили слета на воздухопловната база „Андреас Папандреу“ во Баф

1471270
Франција испрати воени авиони во Јужниот кипарско-грчки дел

Два воени авиони од типот Рафал и еден транспортер авион од типот Ц-130 во сопственост на француските воздухопловни сили, слетаа во Јужниот кипарско грчки дел.

Според веста објавена во кипарско-грчкиот весник "Политис", во рамките на договорот за одбранбена соработка помеѓу кипарско-грчкиот дел и Франција којшто е ставен во примена на 1 август два воени авиони и еден транспортен авион во сопственост на француските Воздухопловни сили слета на воздухопловната база „Андреас Папандреу“ во Баф.

Француските авиони кои ќе останат во Баф неколку дена ќе реализираат патроли во еднострано прогалсената таканаречена ексклузивна економска зона од страна на кипарско-грчкиот дел во Средоземното Море и ќе соработуваат со поморските сили на Франција во регионот.

Во месец септември се планира да се одржи воздушна воена вежба помеѓу Франција и Јужната кипарско-грчка управа и како што се истакнува на оваа вежба би можеле да учествуваат и други земји.

Во објавените вести во кипарско-грчкиот печат на 6 август беше истакнато дека на почетокот на месецот е ставен во примена договорот за одбранбена соработка потпишан помеѓу Франција и Кипарско-грчкиот дел во 2017 година.


 



Слични вести