Згаснат пожарот во близината на бугарско-турската граница

Мала неодговорност предизвика голема штета на илјадници луѓе, сточарството и земјоделскиот сектор

1470798
Згаснат пожарот во близината на бугарско-турската граница

 

Згаснат пожарот во подрачјето Лесово наспроти Хамзабејли во близината на бугарско-турската граница кој траеше 4 дена.

Гувернерката на областа Хасќој (Хасково) Стефка Здравкова во интервјуто за Бугарската национална телевизија (БНТ) рече дека пожарот предизвикал штета на илјадници шумски и земјоделски површини.

Екипите на општината почнаа со утврдување на штетата во областа, рече Здравкова и додаде:

„Мала неодговорност предизвика голема штета на илјадници луѓе, сточарството и земјоделскиот сектор. Ги повикувам граѓаните во овој ризичен период од аспект на пожарите да бидат повнимателни и поодговорни.“

Властите соопштија дека бил згаснат пожарот во областа кој траеше четири дена.

Во областа ќе дежураат 9 пожарникарски возила заедно со персоналот.



Слични вести