Во Северна Македонија регистрирани 141 нов случај на Ковид-19, почина едно лице

Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани 141 нов случај на зараза, а почина едно лице од коронавирусот (Ковид-19)

1471179
Во Северна Македонија регистрирани 141 нов случај на Ковид-19, почина едно лице

Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 141 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на регистрирани случаи на зараза со овој вирус во земјата се искачи на 12.083.

Министерството за здравство соопшти дека едно лице починало од последиците на Ковид-19, со што вкупната бројка на смртните случаи од Ковид-19 се зголеми на 529.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 161 оздравени пациенти од Ковид-19. Со ова бројката на оздравени пациенти од Ковид-19 во земјата изнесува 8.248.

Во моментов бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 3.306.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.885 тестирања на Ковид-19, а вкупната бројка на тестирања за овој вирус во земјата изнесува 117.475. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести