Неповратна помош од Турција на безбедносните сили на Косово

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за одбрана на Косово се истакнува дека церемонијата на примање на доделената неповратна помош од Турција на армијата на Косово во износ од 742.904 долари се одржа во касарната „Адем Јашари“ во Приштина

1470395
Неповратна помош од Турција на безбедносните сили на Косово

Турција им достави неповратна помош на безбедносните сили на Косово во износ од приближно 743 илјади долари, составена од воена облека, кревети и техничка опрема.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за одбрана на Косово се истакнува дека церемонијата на примање на доделената неповратна помош од Турција на армијата на Косово во износ од 742.904 долари се одржа во касарната „Адем Јашари“ во Приштина. 

На церемонијата учествуваа воениот аташе на Амбсадата на Турција во Приштина полковник Исмаил Џенкери Ерсоз и командантот за логистика на мисијата на ФСК бригаден генерал Наим Хазири, како и други воени функционери.

По потпишаните документи, бригадниот генерал Наим Хазири им се заблагодари на владата на Турција и на воениот аташе за постојаната поддршка на мисијата на ФСК.



Слични вести