Во Северна Македонија од Ковид-19 починаа уште 4 лица, регистрирани се 85 новозаразени

Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани 85 нови случаи на зараза и 4 починати од коронавирусот (Ковид-19)

1469805
Во Северна Македонија од Ковид-19 починаа уште 4 лица, регистрирани се 85 новозаразени

Во Република Северна Македонија се регистрирани 85 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на случаи со овој вирус во земјата се искачи на 11.839.

Министерството за здравство соопшти дека се починати 4 лица, со што вкупната бројка на смртните случаи предизвикани од Ковид-19 се искачи на 527.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 42 оздравени пациенти од Ковид-19. Со ова вкупната бројка на оздравени пациенти од Ковид-19 изнесува 7.664.

Во моментов бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 3.648

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1188 тестирања на Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 114.807 тестирања. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести