Во Северна Македонија од Ковид-19 починаа уште 3 лица, регистрирани се 74 новозаразени

Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани 74 нови случаи на зараза и тројца починати од коронавирусот (Ковид-19)

1466404
Во Северна Македонија од Ковид-19 починаа уште 3 лица, регистрирани се 74 новозаразени

Во Северна Македонија во изминатите 24 часа се регистрирани 74 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи позитивни овој вирус во земјата се искачи на 11.128.

Министерството за здравство информира дека починале уште 3 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи како последица на Ковид-19 во земјата се искачи на 500.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрираше 90 оздравени пациенти од Ковид-19, зголемувајќи ја вкупната бројка на оздравени од вирусот на 6.972.

Во моментот активни се 3.656 случаи заразени со коронавирусот.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 689 тестирања за вирусот.

Досега во земјата се реализирани вкупно 106.047 тестирања за Ковид-19. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести