Косовскиот премиер Хоти позитивен на Ковид-19

Немам симптоми, освен многу блага кашлица. Од вечервма сум во изолација во наредните две недели

1466221
Косовскиот премиер Хоти позитивен на Ковид-19

Косовскиот премиер Авдулах Хоти соопшти дека е позитивен на Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Хоти на својот профил на Фејсбук напиша дека направил тест и дека e позитивен на Ковид-19.

„Немам симптоми, освен многу блага кашлица. Од вечервма сум во изолација во наредните две недели. Ќе ги извршувам обврските од дома“, наведе синоќа Хоти.

Во меѓувреме, лидерот на Демократскиот сојуз на Косово Иса Мустафа во сабота официјално потврди дека по три недели е излекуван од Ковид-19.

Иса Мустафа преку социјалната мрежа Фејсбук се заблагодари за поддршка што му ја пружиле семејството, пријателите, колегите, соработнците, а посебна благодарност им искажа на лекарите кои му помогнале да се избори со новиот тип на коронавирус.



Слични вести