Турската Црвена полумесечина „Кизилај“ ќе им раздаде курбанско месо на приближно 3.000 семејства во Северна Македонија

Фуат Емин, претседателот на екипата на втората единица на турската Црвена полумесечина „Кизилај“ во Северна Македонија, истакна дека турската Црвена полумесечина „Кизилај“ ќе им раздаде курбанско месо на приближно 3.000 семејства во Северна Македонија

1465446
Турската Црвена полумесечина „Кизилај“ ќе им раздаде курбанско месо на приближно 3.000 семејства во Северна Македонија

Турската Црвена полумесечина „Кизилај“ месото на 1.400 делови од жртвуваниот добиток Курбан кои ќе бидат заколени во Севрна Македонија за Курбан Бајрам, ќе им го раздаде на приближно 3.00 семејства кои имаат потреба од помош.

Фуат Емин, претседателот на екипата на втората единица на турската Црвена полумесечина „Кизилај“ во Северна Македонија, истакна дека турската Црвена полумесечина „Кизилај“ која не ги остава сами луѓето кои имаат потреба од помош во Северна Македонија и општо во светот почнувајќи од вчера во текот на Курбан Бајрам ќе им додели курбанско месо на милиони луѓе низ светот.

„Во Северна Македонија ќе им раздадеме курбанско месо на приближно 3.000 семејства во различни градови и села, на чело со главниот град Скопје и во градовите Куманово, Ресен и Битола.“ - рече Фуат Емин.

Подвлекувајќи дека како турска Црвена полумесечина „Кизилај“ во овие тешки денови за време на епидемијата на новиот тип коронавирус Ковид-19 го сметаат за свој долг да му пружаат поддршка и макар и малку да бидат покрај народот во Северна Македонија, Фуат Емин, претседателот на екипата на втората единица на турската Црвена полумесечина „Кизилај“ во Северна Македонија, рече: „Денеска, овде, се обидовме да ја обезбедиме таа потреба. Се надевам дека турската Црвена полумесечина „Кизилај“ и во други различни ситуации повторно ќе организира различни активности во Северна Македонија.“



Слични вести