Во Скопје продожува традицијата: Поделена баклава за Курбан Бајрам

Очекуваме да има голем број луѓе кои ќе ја искусат баклавата подготвена за нив

1464824
Во Скопје продожува традицијата: Поделена баклава за Курбан Бајрам

Здружението за едукација и култура „Парими културор“ од Скопје организираше настан за поделување баклава по повод претстојниот празник Курбан Бајрам на скопскиот плоштад „Македонија“, јавува Anadolu Agency (AA).

Граѓаните кои денес поминуваа низ градскиот плоштад имаа можност да уживаат во поделената баклава.

Канита Бакиу од здужението „Парими културор“ истакна дека овој настан се организира трет пат по ред во соработка со Министерството за култура на Северна Македонија.

Укажувајќи на тоа дека оваа година Курбан Бајрам ќе се одбележува во поразлични услови поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), Бакиу рече дека ја промениле амбалажата на поделената баклава, користејќи пластична амбалажа.

„Очекуваме да има голем број луѓе кои ќе ја искусат баклавата подготвена за нив. Но како што гледаме нема голем интерес како во изминатите години, поради ситуацијата во која се наоѓаме“, додаде Бакиу.

Ова здужение од Скопје со мотото „Едно парче баклава за Курбан Бајрам“ со години наназад, традиционално, дели баклава на плоштадот во Скопје, со пораката да споделат мир и љубов до сите луѓе, без разлика на нивната верска или национална припадност.



Слични вести