Разрешен грчки професор кој рече дека островот Меис ( Кастелоризо) е поблиску до Турција

Христос Розакис, професор на Атинскиот универзитет кој учествуваше во дебата во една телевизиска програма во Грција, истакна дека островот Меис (грчки Кастелоризо) е поблиску до турските брегови по што е разрешен од Високиот научен совет

1460917
Разрешен грчки професор кој рече дека островот Меис ( Кастелоризо) е поблиску до Турција

Грчкиот професор Христос Розакис откако рече дека „островот Меис (грчки Кастелоризо) е поблиску до Турција“ е разрешен од Високиот научен совет на Грција.

Христос Розакис, професор на Атинскиот универзитет кој учествуваше во дебата во една телевизиска програма во Грција, истакна дека островот Меис (грчки Кастелоризо) е поблиску до турските брегови.

На тоа што водителот на програмата се обидуваше да застане во одбрана на тоа дека островот Меис (грчки Кастелоризо) е грчка територија, професорот Христос Розакис одговори со зборовите „/.../ Суштинското прашање е тоа што Меис (грчки Кастелоризо) е многу блиску до крајбрежјата на Турција. Должината на крајбрежјата наспроти Меис е многу подолга и едниот од основните критериуми за утврдување на пограничните линии на континенталниот гребен, е должината на крајбрежјата.“

На прашањето на водителот „Дали во моментов проширувањето на територијалните води на Грција на 12 морски милји би било погрешно?“, грчкиот професор Христос Розакис одговори со зборовите „Треба да сфатите дека Грција во моментов не располага со капацитет да ги прогласи своите територијални води на 12 милји. Бидејќи еден ваков чекор би го блокирало целосно Егејското Море.“

По овие негови изјави грчкиот проферсор Христос Розакис е разрешен од Високиот научен совет на Грција.



Слични вести