Во Северна Македонија регистрирани 123 нови случаи и тројца починати од Ковид-19

Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани 123 нови случаи на зараза и тројца починати од коронавирусот (Ковид-19)

1460733
Во Северна Македонија регистрирани 123 нови случаи и тројца починати од Ковид-19

Во Република Северна Македонија во последните 24 часа регистрирани се 123 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на случаи со овој вирус се искачи на 9.669. 

Министерството за здравство соопшти дека се починати три лица, со што вкупната бројка на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се искачи на 445.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 74 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени пациенти од овој вирус изнесува 5.145.

Во моментов бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 4.079.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.312 тестирања на Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 91.015 тестирања. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести