Во Северна Македонија во изминатите 24 часа регистрирани 163 нови случаи на Ковид-19, нема починати

Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани 163 нови случаи на зараза од коронавирусот (Ковид-19), а нема починати

1459252
Во Северна Македонија во изминатите 24 часа регистрирани 163 нови случаи на Ковид-19, нема починати

Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 163 новозаразени со коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на случаи со овој вирус во земјата се искачи на 9.412.

Министерството за здравство соопшти дека во изминатото деноноќие нема починати пациенти, така што вкупниот број на смртни случаи како последица на Ковид-19 во Северна Македонија останува 432.

Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 69 оздравени лица од Ковид-19, а вкупната бројка на излекувани во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 4.940.

Во моментов во Северна Македонија има 4.040 активни случаи на Ковид-19.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.636 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се спроведени вкупно 88.179 тестирања на коронавирусот. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести