Помош во бајрамска облека од турските војници за 200 деца во Косово

На раздавањето на помошта во бајрамска облека во соработка со локалната самоуправа на Призрен, учествуваа градоначалникот на Призрен Мутахер Хаскука и претседателот на Турската претставничка делегација на Косово полковник Саваш Јанар

1459224
Помош во бајрамска облека од турските војници за 200 деца во Косово

Претседателството на Турската претставничка делегација на задача во склопот на Мировните сили на Косово (КФОР) им доставува помош во бајрамска облека на 200 деца кои имаат потреба од социјална помош.

На раздавањето на помошта во бајрамска облека (по повод наближување на Курбан Бајрам) во соработка со локалната самоуправа на Призрен, учествуваа градоначалникот на Призрен Мутахер Хаскука и претседателот на Турската претставничка делегација на Косово полковник Саваш Јанар.

Градоначалникот на Призрен Мутахер Хаскука во дадената изјава за новинарите истакна дека за доставување на помошта беа избрани децата на семејствата кои се наоѓаат во најтешка материјална состојба.

Помошта во облека којашто во селото Липјан во близина на главниот град Приштина почна да се раздава на 16 јули, до Курбан Бајрам (на 31 јули, во петок) ќе им биде раздадена на 200 деца кои имаат потреба од помош во 7 општини во Косово.



Слични вести