Документарниот филм на ТРТ ворлд: „Неонацистите на Медитеранот““

Расистичките напади на терористичката организација ЕОКА беше изнесена директно од страна на Кипарските Грци.

1459002
Документарниот филм на ТРТ ворлд:  „Неонацистите на Медитеранот““

Телевизискиот канал на Турската радио телевизија (ТРТ) на англиски јазик „ТРТ ворлд“ во документарниот филм „Неонацистите на Медитеранот“ кој го емитуваше по повод 46-та годишнина од Мировната операција на Кипар, направи анализа на расистичките акции на Грција и Јужен Кипар.

Документарниот филм „Неонацистите на Медитеранот“ кој е прв документарен филм снимен во Јужен Кишар беше подготвен со титлувани преводи на 5 јазици.

Режисерот Атакан Керкуклу рече дека документарниот филм е прв и единствен кој беше снимен во врска со партијата ЕЛАМ во Јужен Кипар.

Учесниците од Јужен Кипар во документарниот филм ни ја пренесоа пораката колку се вознемирени и колку сакаат да се спасат од фашизмот.

Документарниот филм во кој се изнесуваат нападите врз Турците и мигрантите, беше снимен во Грција, Јужнокипарскиот дел, Германија, Франција и Британија.

Во рамките на снимањето на документарнот филм беа истражени процесот на формирањето на грчката партија „Златна зора“, нејзините расистички реторики и односите со другите расистички партии.

Режисерот Керкуклу на крајот додаде дека со филмот на гледачите сакале да покажат колку се штетни екстремно десничарските партии. Во суштина, најголемата штета им ја нанесуваат на своите сограѓани, бидејќи сите луѓе коишто ги убиле, проболе со нож, повредиле се Грци“.

Во документарниот филм се објавени и снимки во врска со воената обука на партијата ЕЛАМ која беше формирана од страна на партијата „Златна зора“, обидите за инфилтрирање во спортските клубови и образовниот систем.

Нападите врз Турците и мигрантите во Кипарско грчкиот дел е посебна тема која беше ставена под лупа.

Расистичките напади на терористичката организација ЕОКА која беше формирана со илузијата Еносис (соединување со Грција) беше изнесена директно од страна на Кипарските Грци.



Слични вести