Мустафа Акинџи: Операцијата го спречи еносис, присоединувањето на нашиот остров кон Грција

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи истакна дека воената операција го спречи еносис, односно присоединувањето на Кипар кон Грција

1458511
Мустафа Акинџи: Операцијата го спречи еносис, присоединувањето на нашиот остров кон Грција

По повод одбележувањето на 46. годишнина од 20 јули -  Празникот на мирот и слободата се одржа церемонија на Булеварот д-р Фазил Ќучук во Лефкоша.

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи во говорот што го одржа овде истакна дека воената операција којашто ја реализираа заедно Турските вооружени сили (ТВС) и кипарските Турци муџехедини го спречија еносис и дека за прв пат беа фрлени темелите на една нова инфраструктура со два дела кои би можеле да живеат во еднаквост и безбедност.

Целта на операцијата, рече претседателот Акинџи, покрај безбедноста на кипарскиот турски народ ја содржи и одбраната на независноста на Кипар, а воедно нагласи дека предвидува повторна обнова и на уставниот поредок на Кипар.

Укажувајќи и на тоа дека последните три години поминаа без преговори, претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи рече: „Неможноста да се изнајде решение на кипарскиот проблем не не води кон подобра точка, тоа што проблемот останува без решение го поставува на дневен ред натрупувањето и на други нови проблеми.“

Привлекувајќи внимание на тоа дека освен кипарскиот турски народ сите заинтересирани страни на чело со кипарско-грчката страна треба да помогнат за мирот, спокојството и стабилноста на Кипар, Акинџи додаде дека онаму кадешто го нема тоа ќе биде уште повеќе зацврстена поделеноста на островот.



Слични вести