Во Северна Македонија регистрирани 8 смртни случаи и 127 нови случаи на зараза од Ковид-19

Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека во изминатите 24 часа се потврдени 8 смртни случаи и 127 нови случаи на зараза од коронавирусот (Ковид-19)

1457816
Во Северна Македонија регистрирани 8 смртни случаи и 127 нови случаи на зараза од Ковид-19

Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани се 127 новозаразени со коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на случаи со овој вирус во земјата се искачи на 9.153.

Министерството за здравство соопшти дека се починати 8 лица, со што вкупниот број на смртни случаи како последица на Ковид-19 во Северна Македонија се искачи на 422.

Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 83 оздравени лица од Ковид-19, а вкупната бројка на излекувани во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 4.810.

Во моментов во Северна Македонија има 3.921 активни случаи на Ковид-19.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 904 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се спроведени вкупно 85.820 тестирања на овој вирус. (Агенција Анадолија -АА)



Слични вести