На веб-конференцијата на Дирекцијата за комуникации објавен делот за Албанија

Амбасадорот Јорук во говорот во оваа прилика рече дека Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) својата мрежа почна да ја формура уште од 1970-те години.

1457479
На веб-конференцијата на Дирекцијата за комуникации објавен делот за Албанија

Во рамките на серијата интернет семинари „15 јули, 15 панели“ што се одржува под покровителство на Дирекцијата за комуникации на веб-страницата беше објавен делот посветен на Албанија.

На панелот што се одржа под модераторство на Дујгу Лелогли, советникот за печат на Амбасадата на Турција во Атина, учествуваа амбасадорот на Турција во Тирана Мурат Ахмет Јорук, албанскиот амбасадор во пензија Адби Балета и режисерот и писателот Арманд Бора.

Амбасадорот Јорук во говорот во оваа прилика рече дека Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) својата мрежа почна да ја формура уште од 1970-те години. ФЕТО на почетокот се презентираше како хуманитарно движење кое ги едуцира луѓето, додека со текот на времето го покажа свото право лице.

Турскиот народ ноќта на 15 јули, излезе на улиците во сите градови на земјата и застана во одбрана на демократијата како универзална вредност.

ФЕТО дејствува во низа земји во светот. Нејзините припадници се инфилтрираат во владите и имаат за цел да го зголемат своето влијание во економијата, правосудството и политиката.

По 15 јули, ФЕТО продолжува со активностите во странство и на тој начин се обидува да опстане, рече Јорук потенцирајќи дека „Турција продолжува да ги предупредува пријателските земји“.



Слични вести