По пауза од 20 месеци повторно започна процесот на дијалог помеѓу Белград и Приштина

На одржаниот состанок во Бриселсо посредување на Европската унија (ЕУ) се состанаа претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Косово Авдулах Хоти

1456708
По пауза од 20 месеци повторно започна процесот на дијалог помеѓу Белград и Приштина

По пауза од 20 месеци со посредување на Европската унија (ЕУ) повторно започнаа состаноците од процесот за дијалог помеѓу Србија и Косово.

На одржаниот состанок во главниот град на Белгија, Брисел, чиј домаќин беше високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел, учествуваа претседателот на Србија Александар Вучиќ, премиерот на Косово Авдулах Хоти и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот помеѓу Белград и Приштина Мирослав Лајчак.

По состанокот којшто траеше приближно еден час, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека на страните не им беше доставена некоја забележителна опција за решение и дека процесот на дијалог ќе продолжи.

Велејќи дека неговата земја е спремна за соработка за пронаоѓање на повеќе од 1.600 лица кои се сметаат за исчезнати за време на војната во Косово (1998-1999), Вучиќ рече дека Србија никогаш нема да заштитува никого.  

Тој наведе дека албанската страна побарала да бидат отворени и архивите на армијата и полицијата и го рече следното: „Во тоа нема проблем, меѓутоа и тие мораат да ги отворат архивите на Косовската ослободителна армија (УЧК) и ние да би можеле да видиме каде се убиени Србите и другите народи кои не се Албанци.“

Косовскиот премиер Авдулах Хоти, исто така по состанокот нагласи дека начелата на Косово во дијалогот се познати и дека единствено можно решение е взаемно признавање помеѓу Косово и Србија и дека тоа им е пренесено и на меѓународните партнери.

„Денес со наше инсистирање разговаравме за две важни теми за граѓаните на Косово, за исчезнатите лица и за економската соработка. Состанокот беше тежок“ - рече Хоти.

Косовскиот премиер Авдулах Хоти истакна дека имало напредок и дека деталите ќе бидат достапни во наредните денови, а воедно додаде дека се разговарало и за следниот состанок за кој ќе се знае повеќе во наредните недели.

Хоти исто така рече дека е можно да има разговори и од техничка карактер.

Инаку, Косово и покрај тоа што во 2008 година се оддели од Србија и ја прогласи својата независност, Србија се уште продолжува да гледа на оваа земја како на сопствена територија.

 



Слични вести