Во Северна Македонија регистрирани 8 смртни случаи и 94 нови случаи на зараза од Ковид-19

Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека во изминатите 24 часа се потврдени 8 смртни случаи и 94 нови случаи на зараза од коронавирусот (Ковид-19)

1456482
Во Северна Македонија регистрирани 8 смртни случаи и 94 нови случаи на зараза од Ковид-19

Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 94 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на случаи со овој вирус во земјата се искачи на 8.623.

Министерството за здравство соопшти дека се починати 8 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи предизвикани од последиците на Ковид-19 во земјата се искачи на 401.

Институтот за јавно здравје информира дека денеска се регистрирани 42 оздравени лица. Со ова вкупната бројка на оздравени лица од Ковид-19 е 4.603.

Во моментов бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 3.619.

Според соопштението на Министерството за здравство на Северна Македонија, во последните 24 часа се направени 830 тестирања на Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 81.604 тестирања на овој вирус. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести