ДИК: СДСМ во водство со тесна разлика пред ВМРО-ДПМНЕ

ДИК соопшти дека се обработени 93,96 отсто од податоците во избирачките места на целата територија на Северна Македонија и според овие податоци коалицијата „Можеме" предводена од СДСМ води со 36,13 отсто од гласовите

1455886
ДИК: СДСМ во водство со тесна разлика пред ВМРО-ДПМНЕ
Kuzey Makedonya Seçimler 1.jpg
Kuzey Makedonya Seçimler 2.jpg

Државната изборна комисија (ДИК) на Република Северна Македонија соошти дека се обработени 93,96 отсто од податоците во избирачките места на целата територија на Република Северна Македонија и според овие податоци коалицијата „Можеме" предводена од владејачкиот Социјал-демократски сојуз на Македонија (СДСМ) доби 36,13 отсто од гласовите на предвремените парламентарни избори.

„Според овие податоци коалицијата „Можеме" добила 36,13 отсто од гласовите, коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и други добила 34,65 отсто од гласовите, Демократската унија за интеграција (ДУИ) 11,57 отсто од гласовите, Алијанса за Албанците и Алтернатива 8,79 отсто од гласовите, политичката партија Левица 3,96 отсто од гласовите, Демократската партија на Албанците (ДПА) 1,48 отсто од гласовите, партијата Интегра 1,33 отсто...", рече портпаролот на ДИК, Адмир Шабани, додавајќи дека другите партии и коалиции учесници на изборите имаат под 0,4 отсто.

Прашан од новинарите за проблемот со немањето пристап до официјалната страница на ДИК за следење на резултатите од изборите, Шабани рече дека се работи за „надворешен хакерски напад на платфомата на која се покажуваат резултатите за јавност", за кој дополнително во наредниот период ќе соопштат повеќе информации.

- Заев: „Патот напред е потврден"

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во своето обраќање на јавноста по објавувањето на резултатите од ДИК, рече успеале да победат и коалицијата која ја предводат во моментот има над 3 пратенички мандати пред ВМРО-ДПМНЕ со можност за 1 или 2 уште повеќе мандати.

„Нашата колалиција „Можеме" е победничката колаиција на овие парламентарни избори. Најголемата, најразноликата, најмоќната и победничка, тоа е „Можеме". Волјата на народот се потврди, победуваме, излегоа граѓаните и гласаа за сигурна иднина, за заедништво и солидардност, за економски патриотизам, за ред и правда, излегоа граѓаните и избраа подобро денес и подобро утре. Патот напред е потврден, на опасноста и кажавме јасно не", рече Заев.

Според него, овие избори биле онакви кавки што и доликуваат на една земја членка на НАТО и земја претендент за членство во Европската унија. Тој рече дека изборите биле мирни, достоинствени, слободни, демократски и безбедни.

Од друга страна, генералниот секретар на опозициската ВМРО ДПМНЕ, Игор Јанушев истакна дека ВМРО ДПМНЕ влегува во трка за составување на мнозинство за нова влада.

„ВМРО ДПМНЕ влегува во трка за составување на мнозинство за нова влада, затоа што постојната е истрошена и време е за промени“, истакна Јанушев.

Што се однесува до блокот на албанските партии, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, прогласи победи нагласувајќи дека неговата партија е апсолутен победник во сите изборни единици. Тој рече дека „победиле Албанците, никој не изгубил“.

Коалицијата на Алијансата за Албанците и Алтернатива прогласи победа во албанскиот блок. Лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села истакна дека во некои гласачки места се случил „феноменот на полнење на кутиите“ и дека ќе поднесат проговор за овие резултати.

Гласањето на овие предвремени парламентарни избори денеска траеше од 07 до 21 часот. Според Избирачкиот список на Државната изборна комисија (ДИК), право на глас имаа 1.814 263 граѓани кои своето избирачко право можеа да го остварат на вкупно вкупно 3.480 гласачки места.

Поради актуелната пандемија на коронавирусот (Ковид-19), гласањето се одвиваше три дена. На 13 јули, гласаа болните од Ковид-19 и лицата во самоизолација, на 14 јули, своето право на глас можеа да го остварат болните и немоќни лица, граѓаните во старските домови, затворениците и раселените лица.

На изборите за 120 места во Собранието на Република Северна Македонија учествуваа 15 коалиции и политички партии со повеќе од 1.500 кандидати.

По воведувањето на политичкиот плурализам, во земјата се одржани пет редовни парламентарни избори и четири предвремени парламентарни избори, и тоа во 2008, 2011, 2014 и 2016 година. Првите парламентарни избори се одржани кога земјата беше во состав на СФР Југославија, а останатите по прогласувањето на независноста во 1991 година.



Слични вести