Во Северна Македонија регистрирани 4 смртни случаи и 198 нови случаи на зараза од Ковид-19

Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека во изминатите 24 часа се потврдени 4 смртни случаи и 198 нови случаи на зараза од коронавирусот (Ковид-19)

1455769
Во Северна Македонија регистрирани 4 смртни случаи и 198 нови случаи на зараза од Ковид-19

Во Република Северна Македонија во последите 24 часа се регистрирани 198 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на регистрирани случаи со овој вирус во земјата се искачи на 8.530.

Министерството за здравство соопшти дека се починати 4 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 во земјата се искачи на 393.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 97 оздравени лица. Со ова, бројката на оздравени пациенти од Ковид-19 изнесува 4.565.

Во моментов, бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 3.572.

Како што соопшти Министерството за здравство, во изминатото деноноќие направени се 1.382 теста за Ковид-19. Досега во земјата се направени вкупно 80.774 тестирања. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести