Прва прес-конференција на Државната изборна комисија за излезеноста на изборите

Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), до 9:00 часот собрани се податоци за 2.326 избирачки места од вкупно 3.480 и според тие податоци, од сите запишани гласачи гласале 94.167 граѓани или кажано во проценти 5,19 отсто

1455592
Прва прес-конференција на Државната изборна комисија за излезеноста на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) на Република Северна Македонија на денешната прва прес-конференција по отворањето на избирачките места извести дека до 9:00 часот утринава, излезноста е 5,19 отсто, гласале 94.167 граѓани.

Портпаролот на ДИК Адмир Шабани, истакна дека сите гласачки места утрово се отворени навреме во 7:00 часот и процесот се одвива непрекинато, а гласањето ќе трае до 21:00 часот.

Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), до 9:00 часот собрани се податоци за 2.326 избирачки места од вкупно 3.480. Според тие податоци, од сите запишани гласачи гласале 94.167 граѓани или кажано во проценти 5,19 отсто.

Портпаролот Шабани, на првата денешна прес-конференција наведе дека ДИК во изминатите два дена спроведе гласање на посебни категории гласачи.

„Вкупно 723 граѓани го остварија своето право на гласачи кои се позитивни на Ковид-19 или кои се во самоизолација. На гласачките места во 13 Казнено-поправни установи, 1.657 гласачи можеа да го остварат своето право на глас, вкупно гласале 1272 гласачи, кажано во проценти 76,76“, истакна Адмир Шабани.

Според портпаролот Шабани, од вкупно 8.852 гласачи кои се пријавиле како болни и немоќни лица, гласале вкупно 8.325 гласачи, или 94,04 отсто.

Според Избирачкиот список на Државната изборна комисија (ДИК), право на глас имаат 1.814 263 граѓани.

На изборите за 120 места во Собранието на Република Северна Македонија учествуваат 15 коалиции и политички партии со 1.560 кандидати.

По воведувањето на политичкиот плурализам, во земјата се одржани пет редовни парламентарни избори и четири предвремени парламентарни избори, и тоа во 2008, 2011, 2014 и 2016 година. Првите парламентарни избори се одржани кога земјата беше во состав на СФР Југославија, а останатите по прогласувањето на независноста во 1991 година. (Агенција Анадолија-AA)



Слични вести