Излезеноста на предвремените парламентарни избори до 15:00 часот изнесува 31,78 отсто

Портпаролот на Државната изборна комисија (ДИК) Адмир Шабани рече: „Согласно овие податоци на гласање излегле 576.576 граѓани. Кажано во проценти, одѕивот на гласање до 15 часот во проценти изнесува 31,78 проценти.“

1455752
Излезеноста на предвремените парламентарни избори до 15:00 часот изнесува 31,78 отсто

Државната изборна комисија (ДИК) на Република Северна Македонија соопшти дека до 15 часот своето право на глас на предвремените парламнетарни избори го искористиле 576.576 граѓани, односно 31,78 отсто од вкупниот број гласачи.

„Државната изборна комисија ги собра податоците за излезеноста на гласачите на овие избори до 15 часот од вкупно 3.435 обработени избирачки места досега. Согласно овие податоци на гласање излегле 576.576 граѓани. Кажано во проценти, одѕивот на гласање до 15 часот во проценти изнесува 31,78 проценти", изјави портпаролот на ДИК, Адмир Шабани.

Прашан од новинарите за одредени приговори и нерегуларности во врска со изборниот процес, Шабани рече дека офицјално до ДИК досега не е доставен приговор.

Според Избирачкиот список на Државната изборна комисија (ДИК), право на глас имаат 1.814 263 граѓани.

На изборите за 120 места во Собранието на Република Северна Македонија учествуваат 15 коалиции и политички партии со над 1.500 кандидати.

По воведувањето на политичкиот плурализам, во земјата се одржани пет редовни парламентарни избори и четири предвремени парламентарни избори, и тоа во 2008, 2011, 2014 и 2016 година. Првите парламентарни избори се одржани кога земјата беше во состав на СФР Југославија, а останатите по прогласувањето на независноста во 1991 година. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести