Државната изборна комисија (ДИК): Излезеноста на изборите до 13:00 часот изнесува 23,81 отсто

Портпаролот на Државната изборна комисија (ДИК) Адмир Шабани истакна дека излезноста на граѓаните на гласање до 13 часот во вкупно 3.368 избирачки места изнесува 432.026 граѓани, односно 23,81 отсто

1455692
Државната изборна комисија (ДИК): Излезеноста на изборите до 13:00 часот изнесува 23,81 отсто

Државната изборна комисија (ДИК) на Република Северна Македонија соопшти дека до 13 часот своето право на глас на предвремените парламентарни избори го искористиле 432.026 граѓани, односно 23,81 отсто од вкупниот број гласачи.

„Државната изборна комисјиа ги собра податоците за излезноста на грѓаните на гласање до 13 часот и согласно податоците добиени од вкупно 3.368 избирачки места гласале 432.026 граѓани. Во проценти излезноста е 23,81 отсто", изјави портпаролот на ДИК, Адмир Шабани.

Тој додаде дека досега до ДИК нема приговор за неправилности или нерегуларности на изборниот процес.

На денешната прва прес конференција на ДИК, портпролот Шабани истакна дека сите гласачки места утрово се отворени навреме во 7:00 часот и процесот се одвива непрекинато, а гласањето ќе трае до 21:00 часот.

Според Избирачкиот список на Државната изборна комисија (ДИК), право на глас имаат 1.814 263 граѓани.

На изборите за 120 места во Собранието на Република Северна Македонија учествуваат 15 коалиции и политички партии со над 1.500 кандидати.

По воведувањето на политичкиот плурализам, во земјата се одржани пет редовни парламентарни избори и четири предвремени парламентарни избори, и тоа во 2008, 2011, 2014 и 2016 година. Првите парламентарни избори се одржани кога земјата беше во состав на СФР Југославија, а останатите по прогласувањето на независноста во 1991 година. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести