ДИК на Северна Македонија: Излезеноста на изборите до 19:00 часот изнесува 45,77 отсто

Портпаролот на Државната изборна комисија (ДИК) Адмир Шабани рече: „До 19 часот на гласање излегле вкупно 830.370 граѓани. Кажано во проценти, одѕивот на гласачи до 19 часот изнесува 45,77 отсто“

1455784
ДИК на Северна Македонија: Излезеноста на изборите до 19:00 часот изнесува 45,77 отсто

Државната изборна комисија (ДИК) на Република Северна Македонија соопшти дека до 19 часот своето право на глас на предвремените парламнетарни избори го искористиле 830.370 граѓани, односно 45,77 отсто од вкупниот број гласачи.

„ДИК ги собра податоците за одѕивот на гласачи до 19 часот од вкупно 3.463 гласачки места. Согласно овие податоци до 19 часот на гласање излегле вкупно 830.370 граѓани. Кажано во проценти, одѕивот на гласачи до 19 часот изнесува 45,77 отсто", изјави портпаролот на ДИК Адмир Шабани.

Според информациите кои ги соопшти портпаролот Шабани, одѕивот на гласачи по изборни едници е следниот: ИЕ 1 - 47,4 отсто, ИЕ 2 - 43,4 отсто, ИЕ 3 - 51,52 отсто, ИЕ 4 - 53,24 отсто, ИЕ 5 - 44,89 отсто и ИЕ 6 - 35, 49 отсто.

Според Избирачкиот список на Државната изборна комисија (ДИК), право на глас имаат 1.814 263 граѓани.

На изборите за 120 места во Собранието на Република Северна Македонија учествуваат 15 коалиции и политички партии со 1.560 кандидати.

По воведувањето на политичкиот плурализам, во земјата се одржани пет редовни парламентарни избори и четири предвремени парламентарни избори, и тоа во 2008, 2011, 2014 и 2016 година. Првите парламентарни избори се одржани кога земјата беше во состав на СФР Југославија, а останатите по прогласувањето на независноста во 1991 година. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести