Амбасадорот на Турција во Скопје Секизќок: Очекуваме конкретни чекори за елиминирање на ФЕТО во Северна Македонија

Амбасадорот на Турција во Северна Македонија Мехмет Хасан Секизќок рече: „Би сакал да потенцирам дека нашите очекувања од надлежните на оваа земја се да преземат конкретни чекори за отстранување на присуството на ФЕТО во Северна Македонија“

1454667
Амбасадорот на Турција во Скопје Секизќок: Очекуваме конкретни чекори за елиминирање на ФЕТО во Северна Македонија
TC Üsküp Büyükelçisi Hasan Sekizkök 15 Temmuz Basın Toplantısı 4.jpg
TC Üsküp Büyükelçisi Hasan Sekizkök 15 Temmuz Basın Toplantısı 2.jpg
TC Üsküp Büyükelçisi Hasan Sekizkök 15 Temmuz Basın Toplantısı 3.jpg

Амбасадорот на Република Турција во Скопје Мехмет Хасан Секизќок, потенцираше дека од надлежните на оваа земја очекува да преземат конкретни чекори за отстранување на присуството на Терористичка организација ФЕТО во Северна Македонија.

Амбасадорот Секизќок кој во резиденцијата на амбасадата на Турција во Скопје организираше прес-конференција по повод 15 јули, Денот на демократијата и националното единство, одговараше на прашањата на новинарите.

Потсетувајќи дека поминаа 4 години од обидот за пуч на 15 јули, извршен од страна на припадниците на терористичката организација ФЕТО инфилтрирани во редовите на Турските вооружени сили (ТСК), амбасадорот Секизќок побара божја милост за загинатите херои и им се заблагодари на ветераните.

Нагласувајќи дека 15 јули е резултат на големата закана создадена од страна на терористичката организација ФЕТО, Секизќок истакна: „Најголем удел во елиминацијата на оваа закана ѝ припаѓа на турската нација, која своеволно, непризнавајќи никаква моќ, подготвена е да го даде и својот живот за да ги заштити своите државни и демократски достигнувања“.

Амбасадорот Секизќок истакна дека во изминатите 4 години еден од главните приоритети на турската држава биле борбата со ФЕТО во земјата и во странство, додавајќи дека земјата првенствено се ориентирала да обезбеди лицата кои учествувале во пучот на 15 јули да одговораат пред судските органи врз принципот на владеење на правото.

Велејќи дека е дешифрирана организациската структура на ФЕТО во рамките на државните институции, амбасадорот Секизќок рече дека се започнати административни и судски процеси против членовите на ФЕТО, уништена е паралелната државна структура на терористичката организација, ФЕТО е исфрлена од државните институции, елиминирајќи ги сите нејзини паравански формации кои се протегаа од образованието до медиумите и сите економски области во банкарскиот сектор.

Истакнувајќи дека поради постепеното слабеење на структура на ФЕТО во Турција, оваа терористичка организација претрпела нови стратешки измени и започнала да се фокусира на нејзините активности во странство, амбасадорот Секизќок го посочи следното: „Борбата на Турција со структурата на ФЕТО во странство продолжува да биде еден од нејзините најголеми приоритети. Во сите контакти што ги имаме со нашите странски соговорници истакнуваме дека ФЕТО претставува реална безбедносна закана во сите земји во кои има свои активности. Откриено е дека оваа терористичка организација има за цел да создаде политички и економски области за себе, делувајќи безмалку како криминална и разузнавачка организација. Започнати се административни мерки и судски процеси со цел да се стесни просторот за движење на терористичката организација ФЕТО во странство, да се забранат нејзините активности, да се спречи неговите членови да избегаат од правдата и спречување на трансферот на пари.“

Секизќок потсети дека Турција до земјите од светот во кои делува ФЕТО, упати барање лидерите на стуктурите на ФЕТО опфатени со истрагата за пучот да ѝ бидат екстрадирани на Турција, додавајќи дека продолжуваат напорите со кои се бара замрзнување на финансиските средства на лицата и институциите кои се дел од структурата на терористичката организација ФЕТО во странство и истите ѝ обезбедуваат финансиска помош на организацијата.

Амбасадорот Секизќок рече дека група од 4 политички партии во Големото национално собрание (Парламент) на Турција изминатата година објавиле заедничко соопштение во кое упатуваат повик на Турција да и бидат екстрадирани членовите на ФЕТО, првенствено нивниот лидер Фетула Ѓулен.

Истакнувајќи дека продолжува процесот на затворањето на образовните институции во странство поврзани со ФЕТО, истите се одземаат од рацете на елементите на ФЕТО и ѝ се трансферираат на турската Фондација Маариф, Секизќок продолжи со зборовите: „ФЕТО може да се опише како нова генерација на терористичка организација. Таа не е социјално движење што се занимава со образование и добротворни цели како што се обидува да се претстави на пазарот. Можеби доцна, но и меѓународната заедница почна сфаќа дека станува збор за мрачна и подмолна организација со политички и економски амбиции.

- Очекуваме конкретни чекори за елиминирање на присуството на ФЕТО во Северна Македонија

Нагласувајќи дека во наредниот период ќе ги продолжат активностите против структурите на ФЕТО во странство, амбасадорот Секизќок продолжи со зборовите: „Во оваа прилика, сакаме да потенцираме дека очекуваме надлежните од оваа земја да преземат конкретни чекори за да го елиминираат присуството на ФЕТО во Северна Македонија. Всушност меѓу Турција и Северна Македонија постои консензус за зајакнување на соработката во борбата против тероризмот. Со мерките што треба да се преземат, важно е да се прекинат активностите на елементите на ФЕТО и лицата поврзани со ФЕТО кои делуваат во Северна Македонија под маската на образовни институции, компании, здруженија и медиуми.“

На прашањето дали има било каков напредок во врска со барањето на Турција за екстрадиција на некој од 15-те членови на ФЕТО од Северна Македонија, амбасадорот Секизќок одговори „Колку што знам, сè уште не е постигнат некаков напредок“.

На прашањето за отворањето на Аја Софија за молитви, амбасадорот Секизќок одговори дека Државниот совет на Турција ја дал својата одлука во врска со статусот на Аја Софија, потсетувајќи дека по тоа прашање изјава дал и претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, Секизќок истакна дека доколку внимателно се изанализира обраќањето на Ердоган, „на некој начин даден е сеопфатен одговор на сите прашања што можат да произлезат“.

Во рамките на прес-конференцијата, беше прикажана и изложба на фотографии на АА од ноќта кога беше изведен обидот за пуч. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести