Состојбата со Ковид-19 во Северна Македонија: Регистрирани 8 смртни случаи, 199 новозаразени

Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека во изминатите 24 часа се потврдени 8 смртни случаи и 199 нови случаи на зараза од коронавирусот (Ковид-19)

1453661
Состојбата со Ковид-19 во Северна Македонија: Регистрирани 8 смртни случаи, 199 новозаразени

Во Република Северна Македонија во последните 24 часа регистрирани се 199 случаи на Ковид-19. Со ова, вкупната бројка на регистрирани случаи со овој вирус во земјата се искачи на 7.975.

Министерството за здравство соопшти дека се регистрирани осум смртни случаи, со што вкупниот број на смртни случаи како последица на Ковид-19 се искачи на 376.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 120 оздравени лица од Ковид-19, што е најголем број на регистрирани оздравени лица во еден ден досега. Вкупната бројка на оздравени пациенти од овој вирус изнесува 4.080.

Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.519.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.545 тестирања на Ковид-19, а досега во земјата споведени се вкупно 76.107 тестирања на овој вирус. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести