Северна Македонија: Регистрирани 136 нови случаи на Ковид-19

Институтот за јавно здравје регистрира 123 оздравени лица од Ковид-19, бројката на оздравени пациенти изнесува 4.203

1453725
Северна Македонија: Регистрирани 136 нови случаи на Ковид-19

Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 136 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на регистрирани случаи со овој вирус во земјата се искачи на 8.111, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Министерството за здравство соопшти дека се починати 6 лица, со што вкупната бројка на регистрирани смртни случаи предизвикани од Ковид-29 се искачи на 382.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 123 оздравени лица од Ковид-19, бројката на оздравени пациенти изнесува 4.203.

Во моментов бројот на активни случаи со Ковид-19 во земјата изнесува 3.526.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 991 тестирања, а досега во земјата се направени вкупно 77.160 тестирања на Ковид -19.



Слични вести